ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Македонија се вознемирени бидејќи не знаат што точно прифатил Заев

од desk2

Заев трет ден молчи и бега од одговор, одбивајќи да и каже на македонската јавност што точно договорил во Софија, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Сметаат дека Заев има обврска за транспарентно и инклузивно работење особено кога станува збор за прашања од највисок национален интерес.

„Граѓаните на Република Македонија се вознемирени бидејќи не знаат што точно прифатил Заев во договорот чие потпишување го најави за 2 август. Зоран Заев треба да им одговори на македонските граѓани кои делови од учебниците по историја ќе ги брише и кој ќе одлучи што да се брише? Дали ги прашал за тоа македонските граѓани на кои им ветуваше дебата за секое позначајно прашање?“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ним им пречи што гласни поединци од Бугарија, кои со восхит гледаат на дејствијата на Заев, според кои македонскиот јазик е пишана форма на бугарски дијалект, а македонската историја е бугарска.

Слични содржини