ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат Заев да го исполни ветувањето и да даде оставка

од Vladimir Zorba

Криминалната групација СДСМ, на чело со аболираниот криминалец Зоран Заев, не престанува да ги потценува и да ги понижува македонските граѓани правејќи секојдневни обиди за продолжување на сопствениот политички опстанок преку втурнување на државата во нова криза, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ по извршниот комитет.

„Граѓаните на Македонија, на изборите од 11 декември, јасно ја изразија својата волја и им кажаа едно големо „не“ на политиките на уништување на македонската економија и држава, на коруптивните политичари и профитери од криминалната групација СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ го доби мандатот од граѓаните за да формира влада и да ја преточи нивната волја во реални мерки и проекти, за нивен подобар живот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека граѓаните од Заев очекуваат одговор кога ќе го исполни ветувањето и ќе си ја даде оставката што ја вети и истакнуваат дека тој е лоша, црна историја.

Слични содржини