ВМРО ДПМНЕ и Иванов ќе присуствуваат на состанокот за името и предлозите на Нимиц

од Vladimir Zorba

Претседателот Ѓорѓе Иванов ќе присуствува на средбата на која ќе се разговара за рамката на медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц, информираат од неговиот кабинет.

„Министерството за надворешни работи е иницијатор за одржување на координативен состанок, со цел да се информираат релевантните политички фактори во Република Македонија за предлогот на амбасадорот Метју Нимиц, кој произлезе од последната средба со македонскиот и грчкиот преговарач во Њујорк. Претседателот Иванов, како што претходно брифиравме, е подготвен да присуствува на ваква средба“, соопштуваат од кабинетот на Иванов.

Од ВМРО-ДПМНЕ кратко информираат дека ќе учествуваат на средбата.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција изјави дека средбата на која ќе се разговара за рамката на Нимиц ќе бидат присутни повеќе политички лидери ќе се одржи наскоро, но датумот се уште не е прецизиран.

Слични содржини