ВМРО ДПМНЕ и натаму со понуда за влада и поддршка без Албаниците или нови избори

од Vladimir Zorba

Аболицираниот Зоран Заев и криминогеното раководство на СДСМ ниту еднаш не ги осудија овие изјави на Села и Дода, молчеа и сеуште молчат, се вели меѓудригото во соопштението на ВМРО ДПМНЕ

Исто како што не ги осудија и изјавите на Трифун Костовски кој што им го одзеде правото на Македонците по потекло од Егејска Македонија да се изјаснуваат околу иднината на земјава.

ВМРО-ДПМНЕ останува на својата принципиелна понуда. Доколку СДСМ се откаже од Тиранската Платформа и реализацијата на елементите содржани во неа, ќе му даде поддршка на СДСМ и Зоран Заев да формираат влада.

Доколку сепак Заев толку ја почитува Платформата од Тирана нека излезе со неа на избори како своја предизборна програма со која ќе ја бара поддршката од граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

 

 

 

Слични содржини