ВМРО ДПМНЕ или СДСМ или …? Во ДУИ денеска решавачки консултации за идната влада!

од Vladimir Zorba

Во партиското седиште на ДУИ во тетовска Мала Речица доцна синоќа заврши состанокот на Централното претседателство на оваа партија на кој се расправаше околу позиционирањето на ДУИ дали ќе биде дел од идната владина коалиција или не.

Според најавата на портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, седницата на Претседателството ќе продолжи денеска.

– Се уште не се исцрпени сите аргументи по однос на опциите коишто ги има ставено ДУИ на маса. Консултациите продолжуваат. Полека сите аргументи се сведуваат на утврдување на платформата на ДУИ и условите коишто се поставени така што ќе очекуваме реакција од политичките партии на тие услови што ДУИ ги има поставено. Платформата на ДУИ е инкорпорирана во сеалбанската декларација, изјави Османи.

 

Куса изјава даде и лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој истакна дека се анализираат сите опции со цел да се донесе најдобрата одлука во корист на Албанците и сите граѓани на Македонија.

– Немам одговор со кого ќе бидеме во коалиција. Ги анализираме сите опции за најдобрата одлука во корист на Албанците и за сите граѓани на Македонија без разлика дали се Албанци, Македонци, Срби, Роми или Власи. Дискутираме за сите опции, истакна Ахмети

Kaмерите на ТВ21 го снимија лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во моментот кога го напушташе седиштето на партијата во Мала Речица. Тој на прашањето со кого ќе коалицира ДУИ вели дека нема одговор за тоа, но не даде прецизен одговр ниту на второт прашање каде му се Теута Арифи, Бејта и Меџити.

На коментарот на новинарот дека автомобилот на Невзат Бејта е паркиран пред седиштето на СДСМ  Ахмети одговара: Јас сум претседател и во секое време знам каде кого сум пратил и за што сум го пратил.

 

По завршување на средбата на претседателството на ДУИ, изјава даде и портпаролот на партијата, Бујар Османи, кој рече дека состанокот продолжува денеска во 14 часот.

Омани демантира дека има раскол во партијата, туку рече дека има различни аргументи по однос на опциите, и дека  немало тензичност, туку само конструктивна дебата.

Сепак анонимни извори за Локално.мк велат дека средбата , особено во пладневниот дел,  била многу тензична. Се вршело притисок на тие кои не се согласувале  со Ахмети и неговиот предлог ,да си поднесат оставки. Истото се однесувало и за тројцата пратеници кои не прифаќаат коалиција со Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ и за потпретседателите. на партијата.

Била искажана и недоверба кон Ахмети за тоа што им го соопштувал како позиции на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ, и веројатно тоа е причината што тројцата потпретседатели заминале директно и изворно од лидерот Зоран Заев ,да ја слушнат позицијата на СДСМ.Таму Ахмети на таа средба беше сам.

Истиот извор вели дека не е иклучено ДУИ да донесе став кој нема да биде во интерес ниту на СДСМ ниту на ВМРО ДПМНЕ, ,а во таков контекст тоа би значела широка коалиција до новите избори.

Има многу сценарија кои може да се разигруваат но вистинскиот договор граѓаните ќе го имаат преку тоа кој  и со какво мнозинство ќе биде избран за претседател на Собранието на РМ.

Денеска  во 14 часот продолжува централното претседателство на ДУИ .

Слични содржини