ВМРО-ДПМНЕ ја оцени платформата како опасна за државата и го зголеми притисокот врз ДУИ

од desk2

ВМРО – ДПМНЕ ги продолжи заканите кон ДУИ преку соопштенија, откако партијата на Ахмети не даде поддршка за формирање влада. Го повтори и барањето за нови вонредни избори. Партијата на Груевски денеска ја потсети ДУИ дека без нејзина стратешка помош за време на последните локални избори, нема да победеа во многу општини, информира Алсат М.

„На минатите локални избори беше голем предизвик ДУИ да победи во некои стратешки општини за оваа партија и добро се сеќаваме на улогата и поддршката на ВМРО – ДПМНЕ за ДУИ. Но, повторно ова е работа на ДУИ. Ќе дојдат локалните избори и ќе видиме дали нивната проценка е точна или не“. – соопштија од ВМРО ДПМНЕ

ВМРО – ДПМНЕ ја оцени платформата на Албанците како опасна за државата. Според оваа партија, политичките партии во земјата заедно со меѓународната заедница се против повторното преговарање за Охридскиот договор, затоа што такво нешто би ја отворила Пандорината кутија. Ваквиот потег, според нив, може да ги поттикне и останатите етнички заедници, како и мнозинската, македонската, во иднина да излезат со своја платформа.

Што се однесува до официјализирањето на албанскиот јазик на цела територија на Македонија, од ВМРО ДПМНЕ велат дека со ДУИ дискутирале за унапредување на употребата на албанскиот јазик само на локално ниво, но дека нејзиното спроведување на целата територија е неприфатливо./извор Алсат М

Слични содржини