ВМРО-ДПМНЕ: Криминогеното раководство на СДСМ тоне од ден во ден

од Vladimir Zorba

„Криминогеното раководство на СДСМ, предводено од аболицираниот криминалец Зоран Заев тоне од ден во ден. Граѓаните ја прочитаа и се помасовно и поенергично ја отфрлаат нивната антидржавна и антинационална политика, а тоа предизвикува огромна паника во СДСМ.

Доколку Заев смета дека со прифаќањето на Тиранската Платформа расне рејтингот на СДСМ, нека излезе на избори и нека го провери тоа. Ако навистина освои поголем број на пратеници ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифати волјата на народот.

Доколку Заев смета дека теоретски немало ништо да се смени дури и ВМРО-ДПМНЕ да освои 62 пратеници, сакаме да му укажеме дека се лаже. Ќе се сменат многу работи. Тиранската Платформа нема да биде предмет врз основа на која би се формирала каква било коалиција. Впрочем и во преговорите со ДУИ, прв чекор на ВМРО-ДПМНЕ беше укажувањето дека разговори врз база на Тиранската Платформа се целосно неприфатливи“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Зоран Заев./a1on

Слични содржини