СДСМ и Заев ја водат Македонија кон економски крах и ја туркаат државата во банкрот. Во овие 100 дена од владеењето на СДСМ, се забележува пад на индексот на промет во индустријата, стои во денешното соопштение на ВМРО ДПМНЕ.

Во јули годинава во однос на јули лани, на домашниот пазар се бележи опаѓање од 3 проценти односно 2.5 проценти на странски пазари. За прв пат се бележи пад на просечната плата за 0.7 проценти. Откако СДСМ e на власт за прв пат по долго време имаме пад на индустриското производство за 2,2 проценти.

Расипничката влада на СДСМ, поради катастрофалните економски политики кои ги води во изминатиот период, успеа да ја повлече економијата во надолна линија, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.