Зоран Заев и СДСМ се единствената политичка партија која ќе останe во колективното паметење на Македонија и македонскиот народ дека работелa спротивно на државните интереси и против својот народ, соработувајќи со странски центри, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое партијата бара министерот Миле Јанакиески да му се извини на Фијат Цаноски за уривањето на „Космос“.

„Единствената цел на Зоран Заев и СДСМ е да го нарушат угледот на државата, да предизвикаат конфликти внатре во Македонија и се надеваат да ја добијат власта без поддршката на граѓаните. Воопшто не ги интересира штетата која ја нанесуваат на граѓаните и на државата. СДСМ и Зоран Заев се нервозни зошто се фатени на очиглед на целата јавност како соработници на странски центри и се заплеткани во туѓи сценарија.Зоран Заев и самиот повеќе пати се фати во лага и призна дека соработува со странски центри.
СДСМ се нервозни, жолчни и јадни зашто знаат дека македонскиот народ нема да игра по сценариото на странските центри. Таа улога ќе ја има само СДСМ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини