ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски, затоа што според нив тој најотворено кажал дека не го почитува и нема намера да го почитува Изборниот законик.

„Имено, Изборниот законик вели дека МИОА до ДИК доставува список со податоци за актуелно вработените, од кој потоа по случаен избор, преку ждребање, ДИК ги формира избирачките одбори и комисии за потребите на локални, парламентарни и претседателски избори или референдуми“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, а за да се добијат релевантни податоци МИОА ги вкрстуваше податоците од регистарот на вработени со податоците од АВРМ, ФЗОМ, МФ, ЦР и ФПИОМ.

„Списокот за минатите парламентарни избори во декември 2016-та, откако беше подготвен преку вкрстување, беше детално проверен и потпишан од целото тогашно раководство на МИОА, вклучително и Александар Кирацовски од СДСМ, и истиот, според изјавите на членовите на ДИК, беше најпрецизен и најточен список било кога доставен до ДИК“, велат опозиционерите.

Сепак забележуваат дека денеска министерот Манчевски излегол со бројка од 115.729 вработени  каде „очигледно недостасуваат десетина илјади вработени“, затоа што точниот број на вработени на 31 декември 2016 година бил 129.653.

Слични содржини