ВМРО-ДПМНЕ: Менувањето на даночната политика ќе значи осиромашување на државата

од Vladimir Zorba

ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните се сериозно загрижени од последните најави дека СДС има намера да ја менува даночната политика во Република Македонија.

Менувањето на даночната политика, воведување на таканаречениот прогресивен данок и напуштањето на таканаречениот рамен данок, сериозно ќе значи осиромашување на нашата држава, но и граѓаните, соопшти денеска Христијан Мицковски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Зголемувањето на даноците кое го планира СДС ќе удри директно по џебот на граѓаните и ќе значи уништување на стопанството и економијата. Со менување на даночната политика, односно со зголемувањето на даноците никој нема да добие ништо, а најмалку граѓаните и државата – рече Мицковски.

Тој истакна според досегашното искуство на ВМРО-ДПМНЕ, зголемувањето на даноците и на придонесите за пензиско и здравствено осигурување ќе ја направи Македонија помалку атрактивна за инвестирање, отворање ново работни места, а истовремено ќе придонесе за отпуштање работници.

– Овие антиреформи на СДС ќе ја тргнат Република Македонија од мапата на инвеститорите во светот и ќе ја спуштат длабоко на листата на Дуинг бизнис како неатрактивна земја за инвестирање, каде што како еден од најголемите аргументи а и предности до сега го имавме рамниот данок – рече Мицковски и истакна дека очекуваат СДСМ да ги преиспита своите политики и да почне со реализација на ветените проекти.

Слични содржини