ВМРО-ДПМНЕ: Народот виде на што се е спремно раководството на СДСМ

од Vladimir Zorba

 

ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение порачува дека народот беше сведок на незаконската и неделовничка претстава во која, како што посочуват, СДСМ се обиде да прогласат нелегитимен претседател на Собранието на Република Македонија.

– Народот виде на што се е спремно раководството на СДС само за да се добере до власта за да одбегне одговорност за криминалот што го има направено. Сите кои учествуваат во овој срамен обид за државен удар освен што ќе бидат обележани во историјата како главни виновници за немилите настани во Собранието, ќе одговараат и за најтешки кривични дела кои не застаруваат,се вели во соопштениетоод ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС свесно се обидува да протурка политика која нема добиено поддршка од граѓаните на Република Македонија на избори. Сега целиот народ го виде предавничкото и антидржавно однесување на СДС само за да се обиде да си го постави Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија и да отвори пат за реализирање на тиранската платформа и разнебитување на Република Македонија, се потенцира во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини