Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ реагира на новинарските написи дека членови на партијата – осомничени за изборни измами се во бегство.вмро дпмне

„Луѓето од ВМРО-ДПМНЕ за кои што пласирате дезинформации дека наводно се во бегство или наводно побарале прием во странски амбасади, ниту се во бегство, ниту побарале прием во било која амбасада.

Крајно непрофесионалното постапување и грубото дезинформирање наложено од штабот на СДСМ може да го проверите со најобичен повик до сите амбасади.

Вашето неточно информирање е уште еден доказ за пропагандата и манипулациите кои се единствено во интерес на партиската агенда на СДСМ.“ се вели во соопштението.
Од партијата на власт преходно ги негираа сомнението против функционери со став дека немаат сторено никакво кривично дело и тоа ќе го докажат.

ТИТАНИК: Сослушани Јанакиевски и Темелко – денеска за притворот!

Реакциите не стивнуваат откако специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим денеска јавно ја обелоденија првата акција која ја преземаат во рамките на нивното работење под името „Титаник“. Тие побараа притвор за осум лица за изборна измама и итно приведување на еден од нив поради изборна криминализација и нивно спречување во понатамошно делување.

(ВИДЕО) Како се краделе изборите: Детали за акцијата „Титаник“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, заедно со обвинителките Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи на прес-конференција директно им посочија на граѓаните дека правдата ќе победи и покрај тешкотиите и заканите со кои тие се соочуваат.

Слични содржини