ВМРО ДПМНЕ не го признаваат „нелегитимниот“ Џафери, ама доаѓаат на координација со него !?

од Vladimir Zorba

Иако не го признаваат Талат Џафери за претседател на Собранието, пратеникот и член на извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров присуствуваше во неговиот кабинет, за да се најде решение за мандатот на градоначалниците како и за локалните избори. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека одговориле на поканата на Џафери, но велат дека не го признаваат за претседател на Собранието.

Од друга страна исто така несудениот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Антониот Милошовски на прес конференција исто така бара од Џафери и парламентарното мнозинство да се соберат и донесат одлука за термин за идните избори и и за замени на регулативата за да се овозможи со денешното завршување на мандатите на „локалците“, да се овозможи функционалност.

Новоизбраниот спикер на парламентот, пак  истакна дека се подготвени за соработка, за да се најде решение кое е во интерес на сите граѓани , а тоа е да  се дефинира кога би имало  локални избори, и као да се излезе од кризата воопшто.

ВМРО ДПМНЕ до непризаненото парламентарно мнозинство, како што велат, предлага три термини сега во јули, септеври или октомври, со што иако се за брзи избори покажуваат дека целиот процес не е алармантен штом може да се одложи за наесен.

Потребна е конструктивност но од СДСМ пак велат дека најпрво е потребно да се формира новата влада, па да се распишат избори и го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ дека неговите неразумни блокади во Собранието довеле и до проблемот со локалните избори.

На 10 мај Уставниот суд на Република Македонија едногласно одлучи да не поведе постапка за оценување на иницијативите за укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот закон, со што ќе се овозможеше градоначалниците и советниците да останат на своите функции до одржувањето на локалните избори.

Подносителите на иницијативите – Министерството за локална самоуправа и Светскиот македонски конгрес бараа оценка на уставноста и на законитоста на член 35, став 1 и на член 49 од Законот за локалната самоуправа, член 16, став 1 и член 16, став 1 во делот „во првата половина во мај“ од Изборниот законик.

Уставните судии одлучија дека Судот не е надлежен да одлучува за правни сиутуации кои не постојат, бидејќи, како што рече судијата известител Елена Гошева, тоа е во исклучива надлежност на закондавецот, односно Собранието на Република Македонија.

Потсетуваме дека Локалните избори требаше да се одржат во првата половина на мај, но поради блокадата на парламентот од страна на ВМРО ДПМНЕ  не беше избран претседател на Собранието, а со тоа истекоа и  сите рокови за нивно распишување во предвидениот термин.

Вчера, на покана од претседателот на собранието, Талат Џафери, претставници на сите политички партии се сретнаа во Собранието, каде во фокусот на разговорите беше денечниот  истек на рокот на мандатите на градоначалниците. ВМРО ДПМНЕ иако не го признаваат Џафери, активно си учествуваа на состанокот. Таква атмосфера се очекува и денеска.

Слични содржини