Почетна / Актуелно / ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорното и деструктивно однесување на Заев нема иднина

ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорното и деструктивно однесување на Заев нема иднина

Зоран Заев на своја кожа ја почувствува истрајноста и упорноста на стотиците илјади граѓани да се изборат за зачувување на државните интереси, за зачувување на унитарноста и за отфрлање на секакви платформи, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното редовно утринско соопштение.

„Зоран Заев свесно ја држеше Република Македонија во заложничка криза, а можеше уште пред три месеци да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ, да ја отфрли платформата и да заврши кризата. Сега целата одговорност останува кај криминалецот Заев. Тој ќе мора да избере дали ќе ги отфрли двојазичноста на банкнотите, униформите и носењето резолуција за геноцид врз Албанците или ќе си го погази зборот и ќе тргне спротивно на ветувањата дадени пред сопствениот народ“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со однесувањето на Заев „полно со неодговорност, нелегитимитет и со деструкција“ нема иднина