ВМРО-ДПМНЕ: Обврските кои не се доспеани за наплата, Владата ги прикажува како долг

од Vladimir Zorba

Министерот за финансии, Драган Тевдовски недозволиво се обидува недоспеани обврски на државата да ги брои во долгови, само за да манипулира со бројките и да му удоволува на својот лидер и на партиските интереси, изјави на прес-конференција Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додаде дека „Зоран Заев од ракав кажува бројка дека централната власт има скриен долг од една милијарда евра, а Тевдовски потоа брза да го оправда ставајќи нереални бројки, броејќи долгови на општини.“

– Сакајќи да ја оправдаат својата лага на Зоран Заев, дека владата на ВМРО-ДПМНЕ оставила наводен скриен долг од една милијарда евра, излегоа на брзоплета прес-конференција во која ставиле се на куп и долгови на единици на локални самоуправи, локални јавни претпријатија и слично. Патем за скандалот да биде уште поголем тие во оваа манипулација користат и обврски кои се уште не се доспеани за наплата – изјави Затуроска.

Таа додаде дека министерот за финансии предложил ребаланс на буџет со кој се кратат сериозни ставки и проекти од областа на образованието и земјоделството.

Слични содржини