ВМРО-ДПМНЕ очекува власта да ги прифати нивните амандмани

од desk2

„Амандмансата расправа за ребалансот на Буџетот е добра можност СДСМ да не биде како ВМРО ДПМНЕ која кога беше на власт ги отфрлаше сите предлози на опозицијата.“ Изненадувачки овој заклучок не е од сегашната власт, од експерти или од невладиниот сектор, туку од самото ВМРО ДПМНЕ.

„Не држи објаснувањето дека претходно ВМРО ДПМНЕ не прифаќало па сега по истиот терк СДСМ и коалицијата треба да не прифаќа амандмани. Нели зборуваме дека не треба да биде така, дека ќе се слуша опозицијата ќе има меѓусебен дијалог и ќе се излезе во пресрет на граѓаните без оглед за што се работи“, рече Крсто Мукоски – ВМРО – ДПМНЕ.

А, ВМРО ДПМНЕ предложи над 700 амандмани кои имаат вкупна вреднсот од половина милијарда евра. Ова значи дека ако се прифатат, Буџетот треба да изнесува околу 3,8 милијарди евра. Велат дека 400 од амандманите биле нотирани како потреби на граѓаните, околу 300 биле преземени барања од СДСМ од претходните години, а останатите биле проекти кои ги имале во нивната програма. Од СДСМ велат дека за дел од проектите што сега ги предлага ВМРО ДПМНЕ ќе има пари со Буџетот за 2018 – та година, но не и со Ребалансот.

„Досега од оние разгледани амандамани ниту еден не е прифатлив.Имаше еден амандман вчера каде се бара средства за Сојузот на борци, но за нив со Ребалансот веќе се обезбедени средства затоа што тоа е Законска обврска на Владата“, вели Јован Митрески – СДСМ

Од Беса бараат пари за осветлување на Старата скопска чаршија, како и поквалитетни услови во регионите каде живеат Албанците.

„ Треба да се разгледа пристапот за општината да интервенира во овој дел посебно за јавно осветлување. Занаетите кои се овде, а и туризмот кој е значаен за Скопската чаршија. Бренд е таа и треба позитивен пристап за оваа локација“, изјави Фадил Зендели – БЕСА.

„Сигурно дека и локалната власт ја поддржува ова, но пратениците ќе треба да поддржат фискална децентрализација. Општината нека аплицира за средсва за локален рамномерен развој со што ќе се овозможи осветлување на овој регион“, рече Ширете Елези – заменик министер за финансии.

Од ДУИ ја поддржаа иницијтивата на БЕСА за да се овозможи соодветно осветлување на Старата Скопска чаршија. ДУИ побара пари за проектна документација за универзитетот Мајка Тереза како и еден милион денари за Музејот на албанската азбука во Битола./Alsat M

Слични содржини