ВМРО-ДПМНЕ: Откажување од платформата и парламентарни избори заедно со локалните

од Vladimir Zorba

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение уште еднаш истакнува дека доколку Заев се откаже од тиранската платформа, ќе дадат поддршка за малцинска влада. 

– Гласот на народот не смее да биде изманипулиран од аболицираниот Зоран Заев. Целта за растурање на Македонија, како што се наведува, постои скоро цела деценија, но сега ја има својата кулминација бидејќи одредени фактори од надвор во аболицираниот Заев најдоа човек подготвен по секоја цена да дојде на власт за да се спаси себе од кривичен прогон. Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев сакајќи да се спаси себе си ја жртвува Македонија.

– Последиците од реализирање на тиранската платформа ќе бидат катастрофални, затоа ВМРО-ДПМНЕ го охрабрува да се откаже од уцената. Зоран Заев нека се откаже јасно и гласно од тиранската платформа, а ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за малцинска влада. Втората опција која му стои на располагање е да прифати нови парламентарни избори заедно со локалните избори , се наведува во  соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Слични содржини