ВМРО-ДПМНЕ пак ја блокираше седницата за разрешување на Зврлевски

од desk2

Работата на Собранието денеска уште на почетокот е прекината, пак по барање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за еден час пауза. Иако не е прва седница и прва точка на дневен ред, се очекуваше конечно пратениците да ја довршат расправата за разрешувањето на државниот обвинител Марко Зврлевски.

Овојпат барањето за пауза е да се види кој го потпишал извештајот за работата на комисијата за финансирање и буџет, која што заврши со работа ноќеска на полноќ. Според пратениците од опозицијата, извештајот не го потпишала претседателката на комисијата Лилјана Кузмановска, туку место неа, некој друг.

Ноќеска, претседателката на комисијата, поддржана од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, се искарала со членовите од владејачкото мнозинство. Според собраниските служби, Кузмановска се налутила и си заминала, а извештајот на последниот ден од работата на комисијата за финансирање и буџет, за ребалансот на буџетот, го оставила непотпишан.

Место неа, според собраниската пракса досега, извештајот го потпишале мнозинство членови од комисијата.

Вчера претседателот Џафери најави дека Собранието ќе работи викендов, но и дека не може повеќе да толерира изнемоштување на вработените во собраниските служби со блокадите што ги прават секојдневно пратениците./СДК

Слични содржини