Прифаќањето на тиранската платформа од страна на лидерот на СДСМ Зоран Заев води во редефинирање и разнебитување на Република Македонија, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, крајната цел на ова сценарио ја открил и Питер Ванхауте и оти таа е федерализација на Република Македонија.

– Човекот што го навредуваше и потценуваше македонскиот народ во секоја своја изјава, повторно се најде на иста линија со аболицираниот криминалец Зоран Заев и на масата го става актуелното политичко уредување. Сите негатори на највисоките државни и национални интереси го почувствуваа вистинскиот момент за да го покажат вистинскиот лик. Вратата за дебатирање и оспорување на се што е дел од македонскиот идентитет им ја отвори токму уценетиот Заев. Со неговиот страв да ја отфрли Тиранската Платформа сите овие ликови добија сила, истакна Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму истакнуваат дека сето тоа довело до тоа албанската пратеничка Месила Дода да се закани дека доколку Заев отстапи од платформата, тогаш сите Албанци ќе се ангажирале околу остварување на сонот за Илирида.

– Затоа партнерот на Заев и негов главен реформатор, Зијадин Села го негира македонскиот идентитет и вели дека пред 100 години не постоеле Македонци, а Трифун Костовски срамно се осудува да им го одземе правото на Македонците по потекло од Егејска Македонија да го кажат сопственото мислење и се борат во заштита на највисоките државни и национални интереси, рече Костовски.

Партијата смета дека за излез од целата ситуација е потребно СДСМ и Зоран Заев да соберат храброст и да ја отфрлат платформата.

– Еве го охрабруваме Зоран Заев повторно. Нека ја одбие тиранската платформа, а ВМРО-ДПМНЕ ќе му даде поддршка да формира влада. Доколку аболицираниот Зоран Заев се уште смета дека елементите од тиранската платформа треба да се прифатат, тогаш за да не ги измами граѓаните повторно како на последните избори, нека прифати парламентарни избори заедно со локални и нека ги вклучи елементите од платформата во својата програма. Изборите се најдобрата и најшироката дебата по однос на овие елементи, која може Заев да ја направи, истакна Костовски

Слични содржини