ВМРО-ДПМНЕ плаќала за американско тапкање по рамо

од Vladimir Zorba

Во извештаите на американските компании што ги има ангажарино ВМРО-ДПМНЕ тие како свои активности ги навеле средбите на Груевски со конгресмени и други американски политичари, како и колумни во Њузвик и Хил. Овие работи во Македонија беа пренесувани како силна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, информира РСЕ.

910a664e-8d85-414c-992b-98a1345b3a3c_w987_r1_s

Состаноците на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со конгресменот Пити Сешн и со помошникот секретар во национална безбедност Алан Берсин и некои колумни на американски аналитичари, но и на Груевски биле договорени преку компаниите во САД што ги плаќа партијата. Ова може да се види од извештаите на платените американски компании за тоа што сработеле во шестмесечниот период за владејачката партија од Македонија. Извештаите се објавени во Американската државна агенција за регистрација за странски соработници во Министерството за правда.

Во едниот извештај на компанијата Глобал Секјурити, која партијата ја плаќаше со два договора – едниот во вредност од 35 илјади долари месечно, а другиот од 140 илјади долари, како нивни активности се наведуваат средбите на Груевски со Сешн и со Берсин кои се случија на седми јануари годинава.

„Сешн до Груевски: Вашето присуство во Вашингтон е значајно за САД”, беа тогаш насловите во голем дел медиуми што важат за блиски до владејачката партија.

Преку другата фирма што ја имаа ангажирано – Њу партнерс консултинг, ВМРО-ДПМНЕ платиле и 5.000 долари за претплата за меѓународната медиумска база на податоци. Истата фирма во своите шестмесечни активности за клиентот ВМРО-ДПМНЕ ги пријавила и колумните на Груевски во Њузвик и текстот на американскиот аналитичар Мајкл Михан во Хил. Тој беше објавен на 10 декември лани со наслов „Нападот врз слободните медиуми е напад врз сите нас“. Овој текст се појави во период на сериозни меѓупартиски преговори дома за медиумските закoни, па со денови беше широко пренесуван и цитиран во провладините медиуми. Михан тогаш напиша дека „земјата е водена од Никола Груевски, про-НАТО и про-европски премиер, а коментарите на претседателот на СДСМ Зоран Заев за медиумите оцени дека биле враќање во темните времиња на македонската историја“.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини