Заев е во очај што не успеа да го разнебити македонското ткиво и што неговата деструкција не дава резултати.
„Првите пријави на СЈО ќе бидат за изборите и дај Боже да има притвори“ рече аболицираниот Заев во Капиштец неколку дена пред да започне спроведувањето на неговиот план.

vmro-dpmne

Добро е што за желбите на Заев не одлучува тој или неговите послушници, туку легитимните македонски институции врз основа на Уставот и законите.

Затоа, сега СДСМ е во очај што Македонците од Албанија не се отсечени од Македонија.

Македонците од Пустец на Заев му порачаа:

„На приведувањето на Едмонд Темелко се радуваа сите душмани на македонскиот народ и бугарските фашисти и затоа ние го сметаме ова како едно антимакедонско дело“

„Со ослободителната одлука на судот сметаме дека правдата си го најде местото, исто така ги охрабруваме Македонците од Мала Преспа и Албанија дека ние докрај остануваме Македонци и ке се бориме за правата на Македонците во Албанија и во целиот свет“

„Ние сме Македонци и не сме против Македонците во Македонија, туку сме против некои што не знаат што прават заради парите го уништуваат македонскиот народ, го нарекуваат Албанците, а не Македонците. Не треба некој нас да не нарекува Албанци, како што не нарекуваат некои од СДСМ од Ресен, од Битола и други места“

Ова се зборовите на луѓето кои за Заев и СДСМ се непријатели и за кои Заев и СДСМ се молат на Бога да има притвор.

Затоа Заев кон медиумите кои го откриваат неговиот план се однесува крајно недолично и срамно за еден политичар.

Заев и СДСМ кон медиумите кои не се под нивен диктат користат речник од кој се срами секој граѓанин на Македонија.

Вака им се обраќаат на медиумите Заев и СДСМ: „Кога зборувате труе, ширите радијација, поголем изрод од вас не постои, вие сте злосторничка банда, политички непријатели, овие вести се ку*тон вести, вие сте криминалец, вие лажете, ова е лага како и сите лаги сите овие години, Латас е српски шпиун, единствена странска служба сте вие, труете од што лажете, болумента, алооо началниче…“

Човек со вакво однесување и ваква политика на разнебитување на македонското ткиво не може да води ниту куќен совет на зграда, а не држава.

Затоа рејтингот на СДСМ е мизенри 15,7%, а рејтингот на Заев агенциите одамна се откажаа да го мерат бидејќи не може да се мери минусен рејтинг.

Затоа СДСМ е во паника од изборите и соочувањето со народот. СДСМ знае дека ќе биде казнет од македонскиот народ кој секогаш е жесток кон оние кои работат против него.

СДСМ на 24 април ќе ја добие масовната пресуда од народот 10-ти пат по ред.

Слични содржини