„Само народот на Република Македонија може да одлучува во каква земја сака да живее, дали сака суверена и унитарна Македонија која се гордее со мултиетничноста или федерализирана, бинационална држава“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата нагласуваат дека „ваквата одлука народот ја носи на избори, а не со подметнати постизборни платформи изготвени и потпишани во туѓи држави.“

„Јавноста секојдневно е сведок на негаторски изјави насочени кон Македонија и нејзиниот идентитет, кои доаѓаат од творецот на тиранската платформа, неговите министри, коалициони партнери, но и од факторот од кој ќе зависи идната влада на Заев, Зијадин Села. На сите овие изјави СДСМ молчи и премолчено ги одобрува ваквите политики и ставови насочени против Македонија. На Македонија и е неопходно обединување околу највисоките национални и државни интереси“, стои во соопштението.

Оттаму велат дека обединување околу највисоките нациолни и државни интереси, нуди „Манифестот за единствена Македонија“, кој го предложи партијата, а за кој, како што се додава во соопштението, СДСМ молчи.

„Дали на СДСМ му пречат принципите за владеење на правото? Бидејќи наместо владење на правото и правната држава сакаат заробена држава под плаштот на СДСМ и нивните роднинско-кумовски врски во правосудниот систем по примерите: Медарски, Бубевски и СЈО. Дали можеби СДСМ е против спроведување на попис на население? Со прифаќањето на Манифестот, Македонија ќе покаже дека е земја со исправена кичма и високо изградена национална свест и чувство на грижа за сите нејзини граѓани. СДСМ е против сплотеност и взаемен просперитет на Македонија и сите нејзини граѓани“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини