ВМРО-ДПМНЕ: Само Талибанците, ИД и СДСМ уриваат споменици

од desk4

Истото што го правеа Талибанците и Исламска држава во регионите зафатени од војна, го гледаме денес во Македонија, во срцето на Европа, од страна на СДСМ, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски, реагирајќи на отстранувањето на споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето од пред Врховниот суд.

– СДСМ, кукавички во раните утрински часови решија да го задоволуваат својот апетит за деструкција. СДСМ не може да поднесат да гледаат ништо што е изградено, создадено и што претставува паметник за македонската историја. Не им дава мир истовремено многу ги боли бидејќи тие самите се неспособни за ништо креативно. СДСМ денеска манифестираа длабока фрустрација и гнев кон никој друг освен кон Македонија, и кон македонската историја и кон македонската култура. СДСМ работи на рушење на македонскиот национален дух, имаме историја кој се продава, неуставен закон за јазици, преминувани аеродром и автопат за што нашата татковина Македонија не доби ништо, споменици на херои кои се руштат – рече Јовановски.

Тој истакна дека споменикот на Андон Јанев Лазов – Ќосето не е дивоградба и дека Советот на град Скопје, согласно закон, со бандинтерово мнозинство има донесено одлука за негово поставување.

– Општината Центар има доделено и маркица врз основа на деталниот урбанистички план. Тоа се фактите, а тоа што го направи СДСМ е вандалски чин за кој се одговара. За ова се одговара и морално, а се одговара и правно. За ова ќе има и мора да има кривична одговорност – рече Јовановски, порачувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ откако ќе се врати на власт „ќе ги исправи сите штети кои ги предизвикува оваа вандалска власт“.

Слични содржини