ВМРО-ДПМНЕ: СДС да ги исполни ветувањата за минималната и просечната плата

од Vladimir Zorba

– ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на изјавата на премиерот Зоран Заев за минималната плата дадена при неговата денешна посета на Штип.

Во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ наведува дека СДСМ треба да се зафати со решавање на реалните проблеми на граѓаните и да ги исполни предизборните ветувања за минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари.

– Антиреформската влада на СДС ветува дека ќе дава помош за компаниите за да се зголемат платите, но не објасни дека истите тие пари ќе дојдат од даноците кои ги плаќаат сите граѓани на Република Македонија. На тој начин парите собрани од сите граѓани ќе одат како помош за сопствениците на неколку компании. Така владата на СДС ќе ги помогне и збогати бизнисмените блиски до нив, а не работниците во текстилната индустрија, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека во времето кога тие биле на власт бил донесен законот за минимална плата, како и низа закони кои, како што се вели, значително го подобриле стандардот и животот на работниците.

Слични содржини