ВМРО-ДПМНЕ: СДС за 1 месец ги задолжи граѓаните за 60 милиони евра

од desk2

Граѓаните секој ден во изминатите 37 дена откако СДС е на власт се задолжени дневно по 1 милион и 600.000 евра, а резултатот во реализирани проекти е нула, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

„Освен задолжување, видовме само деструкција, укинување и блокади. Сметајќи со калкулациите на СДС од пред изборите, владата на Заев ако продолжи со ова темпо на задолжување, а ќе продолжи, за една година ќе ги задолжи граѓаните околу 720.000.000 евра, а за 4 години мандат граѓаните ќе бидат задолжени околу 2.880.000.000 евра.

Ова е сосема спротивно од она што го говореа СДС пред да ја преземат власта“, изјави Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, од овие 60 милиони евра граѓаните досега не виделе ништо, ниту поголема минимална плата, ниту поголема просечна плата.

Слични содржини