ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ денеска призна дека буџетот не е празен

од Vladimir Zorba

СДС денеска призна уште една своја голема лага со која ги манипулираше и плашеше граѓаните, дека во буџетот на Република Македонија немало пари и дека Македонија е пред економски колапс, стои во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на првата седница на новата влада предводена од премиерот Зоран Заев.

„Денес на своите ’Фејсбук’ профили гордо со исплатените субвенции за земјоделците, пензиите и стипендиите на студентите се пофалија членови на владата и парламентарната група на СДС. Сите овие проекти ВМРО-ДПМНЕ ги третираше како проекти и реформи од највисок интерес“, стои во реакцијата и се додава дека владата на ВМРО-ДПМНЕ во буџетот оставила 180 милиони евра.

Од партијата наведуваат дека СДСМ со постизборна измама успеала да обезбеди мнозинска поддршка и дека граѓаните сега ќе чекаат да ги реализираат ветувањата.

„Граѓаните сега од нив очекуваат не само да се фалат со проектите почнати и реализирани од ВМРО-ДПМНЕ туку да ги остварат ветувањата за изградба на нови 500 километри автопат, просечна плата во висина од 30 000 денари, 16 000 денари минимална плата и 100.000 денари плата за докторите“, се вели во реакцијата.

Слични содржини