За СДСМ е поважна хајката врз министерот за здравство Никола Тодоров отколку осуда на сторителите на вчерашниот напад на скопските клиники, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на ставовите на опозициската СДСМ за последните случувања.

vmrodpmnelogo

Според ВМРО-ДПМНЕ, „срамно и лицемерно е тоа што опозициската партија и покрај фактите продолжува да стои на страна на осомничените и не го осудува криминалниот акт кој што тие го извршија“.

Осомничените за нападот врз докторите, наведува ВМРО-ДПМНЕ, денеска беа изведени пред надлежен судија на претходна постапка во Основниот Суд Скопје 1 – Скопје и добија пет кривични пријави. Се товарат за убиство во обид, нелегално поседување оружје, соучесништво, напад врз службено лице и предизвикување општа опасност.

– Судија на претходна постапка, откако ги ценеше фактите и приложените докази, им определи мерка притвор во времетраење од триесет дена. Ова се фактите. СДСМ и покрај фактите продолжува да стои на страна на осомничените и не го осудува криминалниот акт кој што тие го извршија, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ./МИА

Слични содржини