ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е на власт и има одговорност за државата и економијата

од Vladimir Zorba

   ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение наведува дека СДСМ е на власт и ја има одговорноста да се грижи за државата и економијата, а не, како што е посочено, преку празни и бледи прес-конференции да ја манипулира јавноста и да наоѓа секакви оправдувања за да не ги оствари дадените ветувањата пред македонските граѓани.

– СДС десет години ги манипулираше граѓаните и ја критикуваше предходната влада дека се претерува со задолжувањата, а сега за помалку од два месеци ја задолжија државата за 70-тина милиони евра, а во ребалансот на буџетот предвидуваат зголемување на задолжувањето на државата за 150 милиони евра, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните, се додава во соопштението, очекуваат СДСМ да почне да работи нешто наместо да ги покрива штетите од недомаќинскиот ребаланс со измислици и напади врз ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини