Дополнителниот заменски министер за финансии Кире Наумов и СДСМ продолжуваат со притисоците од деструктивна природа кои имаат единствено за цел да го попречат нормалното функционирање на Македонија, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението од Наумов за денешната аукција со државни хартии од вредност.vmro-dpmne1_111

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Кире Наумов прават се за да го спречат спроведувањето на Законот за буџет. – Аукциите на државни хартии од вредност се предвидени со Буџетот за 2016 година. Буџетот за 2016 година е гласан и одобрен од пратениците на Собранието на Република Македонија, кои пак се гласани од народот. За потсетување, СДСМ уште во 2004 година ги воведе аукциите на државни хартии од вредност со кои се финансира буџетот во сите европски земји, се вели во соопштението.

Наумов и СДСМ, наведува ВМРО-ДПМНЕ, им се закануваат на банките и во неколку наврати добиваат жестоки одговори на нивните закани произлезени од деструктивната матрица на СДСМ. – Овој пат банките се поштедени од заканите на Наумов и СДСМ, но не е поштедена и јавноста од неговата наводна грижа за јавниот долг. Половина од јавниот долг за кој е загрижен Наумов е наследство од СДСМ, партијата која не само што ја задолжи Македонија, туку и ден денес не дава одговор на најголемата мистерија: како е воопшто возможно да ја задолжиш земјата со 2 милијарди евра, а ништо да не оставиш зад себе, освен коњи, рејбанки и бисерни огрлици за 8-ми март како најпознат проект во здравството на СДСМ?, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ  наведува и дека „Наумов треба да се грижи како тој и СДСМ ќе ги објаснат парите кои испариле во ветер земени со 40 активни кредити кои владата на ВМРО-ДПМНЕ ги исплаќа ден денес и ќе ги исплаќа и во иднина?“ и „каде се проектите финансирани со парите од кредитите на СДСМ кои се плаќаат денес?- се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ

Слични содржини