Кога не може да ги користи во црните некрофилски кампањи, за СДСМ луѓето со проблеми и со трагични судбини не постојат, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на СДММ, Стефан Богоев.

vmro-dpmne

„Единствен проект на СДСМ во здравството кој се памети е јувелирницата на Владо Димов, од која бисерни ниски си добиваа неговите колешки. Во време на СДСМ немаше нова опрема за здравствените домови. Денес се вложуваат стотици милиони евра за нова опрема и за подобро здравје на граѓаните. Во 2005 година, во време на СДСМ, за лекување во странство се потрошени 164 милиони денари. Во 2015 година, Фондот за здравствено осигурување одобрил средства за лекување во странство во износ од 300 милиони денари. Затоа рејтингот на СДСМ е мизерни 15,7 отсто, а рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 36,8 отсто. Затоа во СДСМ се во очај и во паника пред десеттиот по ред пораз на 24 април и затоа применуваат вакви нечовечки срамни лешинарски тактики на злоупотреба на туѓите трагедии во полза на дневната политика на СДСМ“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

META

Слични содржини