ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ немаат легитимитет да зборуваат за цената за еврообврзницата

од Vladimir Zorba

СДС немаат легитимитет да зборуваат за цената која ја плаќаат за еврообврзницата. Поради нивната антидржавна политичка кампања што ја водеа минатата година, сега граѓаните плаќаат 20 милиони евра повисока камата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Министерство за финансии.

Од партијата додаваат дека „пазарот на пари беше и тогаш и сега ликвиден, односно има пари, но СДС секогаш е причината поради кои граѓаните скапо плаќаат.“

„Благодарение на писмата кои тие како партија ги пишуваа до инвеститорите и ги повикуваа да не ја купуваат еврообврзницата тие ги чинеа македонските граѓани 20 милиони евра. Ова беше рамно на финансиски тероризам против својата земја“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини