ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ опседнат со уривање и укинување

од desk2

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека партијата на власт СДСМ е опседната со уривање, блокирање и укинување и дека треба да ја ја надминат оваа опсесија со антиреформи, па конечно да почне да работи на реализација на ветувањата кои им ги дадоа на граѓаните.

„Тоа што Заев ќе ја урива оградата од владата или ќе ја укине програмата Кембриџ нема да помогне на економски план каде вети 16.000 денари минимална и 30.000 денари просечна плата. Тоа што Заев сака да се спаси од одговорност за криминалот со покренување на постапка за смена на Јавниот обвинител нема да им помогне на докторите да добијат плата од 100.000 денари како што им беше ветено“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сметаат дека со испорачувањето закани за реизбор на судиите, Заев можеби ќе се одмазди за сите пресуди против министрите-криминалци во неговата влада, но тоа нема да им помогне на граѓаните кои бараа продолжување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци.
„Добро е што СДС се обидува да продолжи дел од проектите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи парите кои останаа во буџетот се токму за исплата на субвенции, покачени пензии и стипендии. Граѓаните од СДСМ очекуваат реализација на новите проекти кои ги ветуваа како поврат на 15% на ДДВ со кој граѓаните ќе добиеле 30.000 денари годишно приход, како што вети Заев“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини