ВМРО-ДПМНЕ: Симптомите на починатите лица биле третирани крајно несериозно

од Vladimir Zorba

За само три дена, негрижата и неспособноста на министерот за здравство, Арбен Таравари однесе два човечки животи на возраст од 23 и 47 години. Според нашите информации, во животна опасност се уште шест лица кои се во моментов на Клиниката за инфективни болести, изјави на прес-конференција Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додаде дека „изминативе неколку дена симптомите кај веќе починатите две лица биле третирани крајно несериозно и воопшто не биле преземени никакви мерки од страна на надлежните во здравството.“

– Бидејќи се работи за вирусен причинител кој брзо се шири помеѓу луѓето, не биле преземени карантински мерки и веќе починатите воопшто не биле третирани во карантин. Па така постојат сериозни индиции дека болеста е раширена и помеѓу луѓето со кои биле во контакт, како и здравствениот персонал кој работи во клиниките во Гостивар и Скопје. Според нашите информации, причината за немањето дијагноза за причинител од која починаа две лица, а шест се во животна опасност, е тоа што нема реагенс во Институтот за јавно здравје – изјави Стојаноска.

Таа додаде дека „негрижата, неспособноста и одговорноста во овој случај припаѓа токму на министерот за здравство Таравари.“

Слични содржини