ВМРО-ДПМНЕ: СЈО не смее да води истражни постапки по истекот на рокот

од desk2

СЈО не смее да се става над законот. Согласно член 22 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, овој орган за селективен прогон не смее да води истражни постапки по истекот на 18-те месеци од денот на превземањето на предметите и материјалите во негова надлежност, изјави на прес-конференција Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека, „секој нов прогон и тормозење кое СЈО ќе го врши, ќе биде противзаконски и ќе биде основ за одговорност.

– СЈО е должно сите нелегално прислушкувани материјали веднаш и без исклучок во законска процедура да ги уништи и за уништувањето на материјалите да состави записник. Не уништувањето и нивното чување, поседувањето и користењето претставува груба и сериозна злоупотреба на службената должност и е казниво согласно закон – додаде Павлоски.

Слични содржини