ВМРО-ДПМНЕ: СЈО стана алатка за политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите кажа дека СЈО било димна завеса за прикривање на сите антидржавни дејствија на СДСМ.

– СЈО има за цел целосно да ја дефокусира јавноста од негативната политика на СДС и да создаде негативна слика кај граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери. СЈО во предизборниот период неосновано и правно неаргументирано ја напаѓаше ВМРО-ДПМНЕ, отворајќи простор СДС и криминалците од врвот на таа партија да изгледаат прифатливи за јавноста, во ситуација во која сите политички ликови од ВМРО-ДПМНЕ неосновано ќе бидат оцрнети, рече Стојаноска.

Таа додаде дека токму зато СЈО излегувало на безброј драматични прес-конференции цо кои обивнувале и најавувале обвиненија кои биле целосно неосновани, правно неаргументирани и без елементарни докази. Како што кажа Стојаноска, ефектот кој што сакале да го постигнат бил креирање на негативна слика во јавноста за ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите под, како што кажа, контрола на СДСМ, кои во хор ги пренесувале политички нарачаните пресови и најави за истраги на СЈО.

– На сите граѓани на Република Македонија им е совршено јасно дека СЈО не постапува согласно Устав и закон, туку исклучиво врз база на политички нарачки. СЈО не ја постигна изворната цел на своето постоење, да утврди кој, како и зошто снимал во Република Македонија. СЈО ги ослободи од обвинение Заев и Верушевски, кои две ипол години ја држеа државата во заложништво и извршија низа криминални престапи. Сега се обидуваат да им го легализираат и криминалот што го направија. Незаконски следените, а потоа монтирани разговори под политички притисок сакаат да ги легализираат и да испратат порака дека Заев и Верушевски не може да бидат сопрени во хаосот што го креираат, рече Стојаноска.

Според неа се изгубила смислата за постоење на СЈО, бидејќи СЈО се претворило во алатка за политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ и обвиненијата кои СЈО ги процесуирало немал врска со правото и претставувале политички монтирани процеси.

= СЈО и сите прекршители на законите мотивирани или принудени од СДС, треба да знаат дека по враќањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат ревидирани и исправени сите незаконски одлуки. Со враќањето на правната држава и демократијата во Република Македонија сите криминалци и прекршители на законот ќе одговараат. За криминалите и антидржавните дејствија кон државата и нејзините граѓани мора да има соодветни санкции, заврши Стојаноска.

Слични содржини