ВМРО-ДПМНЕ: Сменети се успешни директори, бидејќи биле под контрола на Груевски

од desk2

Зоран Заев најави дека ќе владее со бркања од работа на луѓето кои тој ги смета за неподобни и со вработување на партиски послушници од чистачка до министер и тоа го спроведува обвини денеска Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека пратеници на СДСМ јавно говореле дека членската книшка во Македонија ќе стане втора лична карта без која граѓаните немало да може да се вработат во јавниот сектор, ниту пак да се надеваат на некоја редовна услуга која им следува во Устав и закон.

– 1.500 луѓе беа сменети од надзорните и управните одбори во еден ден со што се парализираа бројни јавни претпријатија и институции. На Заев и СДС не им е важно воопшто што поради ова во моментов Фондот за здравство не може да носи одлуки за лекување на нивните осигуреници во странство. Нив не им е важно што поради нивната агенда за приватизирање на државата животот на граѓаните се доведува во опасност, рече Арсовски.

Според него, сменети биле успешни директори кои воделе наградувани институции, само затоа што Заев и СДСМ донеле проценка дека директорите биле под контрола на Никола Груевски.

– Ваквиот политички прогон врз неистомислениците со фашизоидна реторика се врши се со цел СДС да ја претвори партијата во држава, а државата во партија.

 Тоа ќе го платат македонските граѓани со повеќе од 100 милиони денари годишно кои СДС ги испланира во новиот буџет за привремени партиски вработувања на војници и послушници, рече Арсовски.

 

Слични содржини