ВМРО-ДПМНЕ со пораки до членството од сите градови во државава со инструкции по смс пораки утре да тргнат изутрина за Скопје. Според информации од А1он целта е  да се извршело  притисок во одбрана на градоначалникот на Битола, Владимир Талески на кого му е одреден домашен притвор по барање на СЈО.

timthumb-1-768x951

-Одложете ги вашите задолженија од понеделник за вторник бидејќи утре во 8 часот треба да бидете пред штабот да се оди за Скопје. Очекувам потврда за присуство, пишува во дел од пораките кои се испраќаат во текот на целиот ден.

Членови на ВМРО-ДПМНЕ за А1он велат дека не знаат зошто се доаѓа, но најверојатно дека ќе се протестира за битолскиот градоначалник пред СЈО на пладне, но слушнале дека ќе се протестира и пред Апелациониот суд , кој утре на пладне одлучува за мерката домашен притвор за битолскиот градоначалник.

Сепак за денеска е закажан и голем протест на опозицијата , и Шарената револуција. Мотивот е спречувањето на работата на СЈО и неусполнување на ултимативните барања на „шарените“. Барањата за доаѓањево Скопје на членови на ВМРО ДПМНЕ, истовремено со протестот на опозицијата,  закажани за 19 часот,  е класичен пример на контрапротест на власта.  pajo 2

Колку за провокација и подгревање на незадоволството меѓу граѓание  полицијата под контрола на власта,  синоќа уапси и  активист на„ Шарената револуција“. Упасениот Павле Богоевски сакаше  само да постави платно  на камениот мост со антивладина порака,   колку за реакција на политиките на ВМРО, наспроти роденденската прослава на  Груевски и партијата. Тој е уапсен и приведен, а потоа ослободен , под  притсок на граѓаните и протестот пред полициската станица . Граѓаните не дозволија тој да остане во протвор, бидејќи освен провокација пред денешните протести, немаше никакво кривично дело за да остане во станица , па за  неколку часа Павле Богоевски, еден од лидерите на„Шарената револуција“, беше ослободен.pajo 6

За апсењето прв  реагираше Демократскиот сојуз кој предупреди дека ваквите провокации се долевање на бензин на огнот наречен Македонија, заплашување на граѓаните, поради што  повикаа  на  масовно излезгување на протести и слободно  искажување на  својот став.

Слични содржини