Политичките партии денеска се во осмиот ден на кампањата за предвремените парламентарни избори закажани на 11 декември.mitinzi

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ќе има централен митинг во Скопје со почеток од 19 часот.

Карванот на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ денеска ќе биде во Свети Николе во 17.30 часот и во Велес во 19 часот.

Коалиција за промени и правда ќе одржи митинг во Сопиште во 17 часот каде носителот на кандидатската листа за пратеници во Првата изборна единица Павле Трајанов ќе се обрати пред присутните.pavle

Носителот на кандидатската листа на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во втората изборна единица, Ејуп Алими, во 12 часот ќе одржи прес-конференција во седиштето на партијата во Скопје, а кандидатите за пратеници од ИЕ 6 ќе имаат прес конференција на Попова Шапка во 13 часот.

Демократската партија на Албанците (ДПА) во 18.30 ќе одржи митинг во Чегране, Боговиње.

Претседателот на Либерално¬демократската партија ќе има прес-конференција во просториите на партијата во 11.30 часот.

Алијанса за Албанците ќе има средба со граѓани во Битола, Ресен и Крушево.