ВМРО-ДПМНЕ: Собранието без опозиција донесе неуставен закон за двојазичност

од desk2

Собранието без опозиција донесе неуставен закон за двојазичност со кој што се редефинира државата, обвинија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Истовремено, додаваат од таму, ја задолжуваат Македонија за половина милијарда евра, пари кои ќе ги трошат за задоволување на мегаломанските потреби.

„Вицепремиерот Кочо Анѓушев ја продава сопствената компанија на грчка фирма, додека Никола Димитров е на тајни преговори во Солун за промена на името. Паралелно владата одлучува ТАВ да не гради карго аеродром во Штип со кој што економски ќе заживееше цела источна Македонија и ќе се обезбедеше економски просперитет на подолг рок“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сметаат дека Апелациониот суд може да го запре процесот на агонија во кој запаѓа општеството и да го врати принципот на владеење на правото како императив во својата работа. Судот ја има шансата како контролор на законитоста да го издржи притисокот и во интерес на демократијата и иднината на земјата да одлучува единствено врз база на закон.

Слични содржини