ВМРО-ДПМНЕ: Студентите ќе останат гладни, додека владата троши луксузни јадења

од desk2

Сара Александрова од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека студентите ќе останат гладни откако владата укина еден од трите оброци кои им следуваат на студентите кои престојуваат во студентските домови.

– Да почитувани граѓани, додека илјадници студенти ќе останат гладни, владата на СДС се расфрла со народните пари и тоа на морски плодови, морска храна, апетисани и пијалоци. Богоев, Туфегџиќ, Заев, Дескоска ветуваа подобар студентски стандард но откако седнаа во удобните фотелји заборавија на ветувањата и удрија по грбот на студентите, рече Александрова.

Таа додаде дека наместо реформи за подобар живот студентите добиле укинати и стопирани мерки наменети за нив, згаснување на дисперзираните студии, стопирање на проектот 30/35 кој обезбедуваше финансиски поволности при студирањето за повозрасните граѓани со интерес за студирање и дека СДСМ гласале против законот за студентски ваучери за купување компјутери

Слични содржини