ВМРО-ДПМНЕ: „Тендери“ е монтиран случај

од desk2

Случајот „Тендери“ кој СЈО го отвори, а се однесуваше на наводна злоупотреба на службено овластување при избор на фирма за изведба на градба на објектот на Музејот на македонската револуционерна борба е целосно монтиран процес, дел од една политичка пропаганда на СДСМ која има за цел да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ, обвини денеска Дарко Костовски од ВМРО- ДПМНЕ.

Според него, целосната постапка за изградба на Музејот на македонската револуционерна борба е спроведена согласно закон, јавно и транспарентно.

„СЈО исто како и во другите случаи води нарачана хајка против ВМРО-ДПМНЕ со политички театар, за да обезбеди материјал за медиумите под контрола на СДС за креирање негативна слика во јавноста за ВМРО-ДПМНЕ“, вели Костовски.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека сите проекти и сите постапки се работени според законите. Истите беа ставени на увид од страна на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за секој да може да има увид во постапките.

Слични содржини