Нермин Теловска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција рече дека пензионерите се заложници на катастрофалното лоша финансиска политика што ја води СДСМ.


– Заев го уκинува поκачувањето на пензиите. Над 300.000 пензионеρи нема да го добијат планиρаното и најавувано поκачување на пензиите од 5%. Наместо пензиите да се зголемат линеарно, СДС оди со старата тактика од транзицијата. Оние кои имаат високи пензии и заминале во пензија како директори или функционери ќе добијат повеќе, а оние кои работеле, но не биле на функција ќе добијат, практично ништо. По стотина денари. Господа од СДС, престанете да ги потценувате и лажете граѓаните. Срамни се манипулациите кои денес ги изнафрла Мила Царовска. Таа не знаеше како да го оправда укинувањето на предвиденото зголемување на пензиите па мораше да ги собира парите кои пензионерите би ги добиле на годишното ниво. Така стигна до нејзините 2.160 денари, што во превод значи околу 160 денари месечно, во просек. За споредба, со линеарното покачување на пензиите реализирано од владата на ВМРО-ДПМНЕ пензионерите на годишно ниво добиваа околу 7.500 денари. Тоа е разликата што ја гледаат пензионерите. Тројно повеќе пари од ВМРО, рече Теловска.

Таа додаде дека пензионерите по вторпат го гледаат неодговорното управување и лицемерниот однос на СДСМ кон нив. Како што рече Теловска, првиот пат кога СДСМ беше на власт им украле по 8 отсто од пензиите и сега повторно им го укинувале покачувањето на пензиите.

Од СДСМ во денешната реакција на прес-конференцијата на Нермин Теловска од ВМРО-ДПМНЕ  велат дека јавноста ја препознава лажната загриженост на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека пензиите ќе растат согласно трошоците за живот.

– Залудни се сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштенија и изјави да шири лажни вести и да ги манипулира граѓаните. Јавноста ја препознава лажната загриженост на ВМРО-ДПМНЕ и ја препознава разликата помеѓу криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното и домаќинско работење на новата Влада, велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека Владата предводена од СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните, а пензиите ќе се покачуваат согласно покачувањето на животните трошоци.

– Секој пензионер, согласно Законот за пензии, секој месец ќе добива по дополнителни 180 денари, односно секој пензионер ќе добие вкупно 2160 денари за цела 2017 година, истакнуваат од СДСМ.

Слични содржини