ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС има намера комплетно да го партизира судството

од Vladimir Zorba

Вицепремиерот Бујар Османи залудно се обидува да лаже и да ја манипулира јавноста дека граѓаните лошо го разбрале Зоран Заев за генералниот реизбор на судии што планира да го реализира, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на вицепремиерот Османи.

„Владата на СДС има намера комплетно да го партизира судството и да го стави под своја контрола, како во 1997 година кога во една минута промени 617 судии. Оваа криминална акција Заев и СДС сакаат да ја спроведат за да нема ниту еден судија кој ќе го гони лидерот на СДС за случаите во кои бара стотици илјади евра поткуп од бизнисмени од позиција на градоначалник на општина Струмица. Во фрчковистичкиот совет за реформи, Заев си ги предложи и Гордан Калајџиев и Мирјана Најческа само затоа што со него заедно фрлаа боја врз државните институции“, нагласуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека советот за реформи на СДСМ има цел целосно да го покори правниот систем, да ги понижи судиите и да ги натера да му се поклонуваат на Зоран Заев.

Слични содржини