СДСМ очигледно тоне и гледа дека нивната деструктивна политика не поминува кај народот, стои во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во врска со писмото што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го испрати со амбасадорите.

nova-zgrada-vmro

„Аболираниот криминалец Заев сфаќа дека го очекува најголемиот пораз на изборите во декември и затоа е исплашен. Затоа почнува да бара алиби повторно да избега и да не се соочи со граѓаните на избори. Затоа бара алиби да ја продолжи кризата, бидејќи само во таков амбиент може да биде некаков фактор. Овојпат тоа нема да помине“, стои во реакцијата.

Од партијата велат дека не може Уставниот суд да му биде виновен затоа што Заев одлучил да игра на картата дека „сега му било мајката да ја редефинирал Македонија“.

„Не може никој да е виновен што самиот одлучи да нуди двојазичност и федерализација, спротивно на интересите на македонскиот народ. Не може да му се виновни судовите што Катица Јанева не може да му ги испорача политичките нарачки. Не може судовите да се виновни што Катица Јанева за година дена не успеа ни да ги научи делата што му се ставаат на товар во случајот „Пуч“. Инволвирањето на Уставниот суд од страна на Заев е измислување нов услов за изборите, исто како и условувањето со носењето на буџетот за идната година. Македонија мора да продолжи да функционира без разлика на блокадите од СДСМ. Тој што ќе победи на изборите може да направи ребаланс на буџетот, доколку смета дека е тоа потребно. Аболираниот криминалец Зоран Заев знае дека ќе изгуби. Негово е да се жали до амбасадите, но бегање од волјата на народот нема“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.