ВМРО-Народна партија јавно им честита на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ за постигнатата апсолутна согласност со која дефинитивно го суспендираа уставниот поредок на Р.Македонија и целосно го елиминираа правниот систем.

vnp-1200x545_c
„Овие политички партии кои постојано се колнеа во владењето на правото и одвојувањето на функционирањето на државата од партиите, сега, не само што го присвоија највисокиот правен орган Уставниот суд, туку заеднички и најбезобзирно го злоупотребија за свои партиски интереси„, се вели во реакцијата од партијата.

„ВМРО-Народна партија истовремено искажува крајна разочараност од Уставниот суд кој со денешната одлука за суспендирање решение на највисокиот законодавен дом, најдиректно ја разнебити правната држава и наместо да ја одигра улогата на бедем во одбраната на уставноста и законитоста, самиот себе се претвори во карикатура на која сите се потсмеваат. Уставниот суд треба да даде јасен одговор на граѓаните на Р.Македонија кога ги лажеше, дали пред извесно време кога за иста претставка со тесно мнозинство се прогласи за ненадлежен, или сега со денешната срамна едногласна одлука. ВМРО-Народна партија упатува најостра критика кон гореспоменатите политички партии кои имаат мандат да ја разрешат кризата во Р.Македонија и наместо како што доликува да постигнат политички договор, тие неодговорно и кукавички се затскрија зад одлуката од Уставниот суд, со што добивме комплетна партизација на државата“, тврдат од партијата.

Слични содржини