„ВМРО за Македонија“ се надева на 15 пратенички места

од Vladimir Zorba

timthumb

Коалицијата “ВМРО за Македонија“ вчера од МОБ во Скопје, од Конвенцијата,упати пораки до граѓаните да се обединат, да не ги делат партиите и да не внесуваат омраза помеѓу нив. Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски порача дека оваа коалиција ќе освои најмалку 15 пратенички места и упати апелк доколку граѓаните сакаат демократија никако не смеат да дадат 63 пратеници на ниту една партија.
– ВМРО-ДПМНЕ бараат 63 пратеника, СДСМ исто 63 пратеника, сакаме од овде да им кажеме на граѓаните за најголемата опасност за Македонија ќе биде ако им дадете 63 пратници, дали на едните или другите. За обичниот граѓани тоа ќе гарантира реваншизам, тензии, и затоа ние сме тука да ја балансираме новаата власт во Македонија, рече Георгиевски.

Љубе Бошкоски порача дека треба да се стави крај на поделбите и омразата кај народот.

-се поделивме на подобни и неподобни, на патриоти и предавници, се поделивме по сите основи, но тука сме да кажеме збогум на сите делби. Ако се враќаме, единствена поента за доаѓање на власт не треба да биде мотивот за реваншизмот и омразата, затоа што таму, и во СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ има наши браќа кои масовно ќе гласаат за коализијата “ВМРО за Македонија“, рече Бошкоски.

Стојанче Ангелов во говорот се осврна на бранителите за кои кажа дека ниту еден не бил обештетен од оваа власт. Тој изрази задоволство што рамо до рамо ќе се бори повторно со Георгиевски и Бошкоски во завршната битка за Македонија./ фотоа а1он

 

Слични содржини