Утре во 11 часот пред Клубот на пратениците ќе се одржат новинарски протести. Организатори се Здружението на новинарите, Самостојниот новинарски синдикат и МИМ.Протестот е во знак на незадоволство поради одбивањето на политичките партии да ги вклучат претставниците на новинарите на медиумите и на медиумските организации во разговорите за подобрување на состојбата со слободата на медиумите.

B643B2BC-6914-4D6D-B916-B2B1E312A230_w640_r1_s

Овие организации сметаат дека, иако партиите одлучуваат, тие можат да дадат конструктивен придонес во подобрувањето на работата на новинарите.
„За нас е неприфатливо да се зборува за новинарите и медиумите а притоа тие да не бидат вклучени во процесот. Новинарите, медиумите и јавноста имаат право да знаат за што политичките партии разговараат и за што се договараат во Клубот на пратеници. Ние имаме право да знаеме кои решенија се предложени. Бараме да ни се даде можност да се чуе и нашиот глас пред тие решенија да бидат донесени во Собранието.Ние како организации инсистираме решенијата да бидат системски и одржливи со кои на подолг рок треба да се обезбедат подобри услови за работа на новинарите и медиумите.“ се вели во заедничкото соопштение.
Тие минатата недела предупредија дека доколку посредникот Питер Ванхауте не ги вклучи во преговорите, тие ќе протестираат пред Клубот на пратениците. Денеска преговорите продолжија, меѓутоа без присуство на новинари и експерти.
Партиите се вратија на преговарачката маса. Отворени се неколку теми: независност на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги, на МРТВ и на МИА, како и подобрување на Законот за медиуми. Минатата недела, медијаторот Питер Ванхауте оптимистички најави дека оваа област треба да се затвори до петок, 27 ноември.

Слични содржини