Внимание: ова се скриени симптоми за претстоен инфаркт кај жените

од Vladimir Zorba

Постојат неколку подмолни знаци кои издаваат дека наскоро може да се добие срцев удар

Знаете ли дека кај жените има поголема шанса од смрт од срцев удар, отколку од сите форми на рак? Или дека сè повеќе жени умираат од кардиоваскуларни болести отколку мажите? Недостатокот на свест од страна на јавноста ги става жените во уште поголем ризик од кардиоваскуларни болести и смрт, бидејќи никој не се сомнева кога се случува!

Болест на срцето – факти и бројки

Срцевите заболувања се причина број 1 во светот за смрт со 17,3 милиони смртни случаи годишно. 43,8 милиони жени во моментов живеат со некоја форма на кардиоваскуларни заболувања.

Што е срцев удар?
Инфаркт е оштетување на срцето и најчестата причина е опструкција од маснa супстанција наречена  во коронарните артерии и крвни садови. Како резултат се забележува запирање на пристапот на крв во одреден дел од срцето, што од своја страна значи недостиг или целосен недостаток на хранливи материи и најмногу кислород.

Раните предупредувачки знаци на срцев удар, кои може лесно да се пропуштат, а тие се:

• невообичаен замор
Бидете на штрек за заморот, кој е нова појава или е ненадеен и тежок.
• Чувство на тежина во градите, кое е придружено со замор може да биде рано предупредување.
Потење и недостиг на воздух.
• Болка во други области од градите – Болката е сигнал дека нешто не е сосема во ред и тоа не е секогаш на точната локација на вистинскиот проблем. Болки во вилицата, болки во грбот или болки во едно од рамената може да биде рано предупредување од срцев удар.
• Чувство за стискање во областа на градите – Болката во рамото, вратот, грбот или вилицата, кое се појавило постепено или нагло
• Болки во стомакот
• Гадење
• Недостаток на воздух или вртоглавица

Совети за намалување на ризикот од инфаркт

Здравјето на коронарните артерии игра огромна улога за ризикот од инфаркт. Вашите артерии можат да се оштетат од токсини и воспаление

Еве некои превентивните мерки, кои може да се преземат:

• Адитив со куркумин е со моќни антиинфламаторни својства помага да се намали акумулацијата на плак во артериите.
• Внимавајте со шеќерот – истражување од 2014 година покажува дека оние кои консумираат помеѓу 10% и 24% од дневните калории од додаден шеќер имаат 30% поголем ризик од смрт од кардиоваскуларни болести.
• Витамин Ц и рибино масло – Витаминот Ц е антиоксиданс кој ги штити артериите од оштетување. Истражувањата покажуваат дека имате поголема шанса од смрт од коронарна срцева болест, ако не земате доволно од овој витамин. Рибиното масло е за уште поголема заштита, бидејќи помага да се прошират артериите и крвта се движи полесно.
• Умерени вежби – Истражувањата покажуваат дека жените кои учествуваат во секојдневни умерени вежби имаат намален ризик од срцеви напади во споредба со неактивните жени. Сепак, оние кои прават напорни активности дневно, имаат зголемен ризик (15). Па не претерувајте!
• Јадете овошје и зеленчук – Јадење повеќе овошје и зеленчук на ден го намалува ризикот од коронарна срцева болест со околу 20 проценти.
• Престанете да пушите – Пушењето го зголемува нивото на фибриноген – протеин во крвта, кој го зголемува ризикот од опасни крвни згрутчувања и инфаркт. Добрата вест е дека, откако ќе престанете со цигарите нивоата на фибриноген опаѓаат веднаш и се нормализираат во рамките на 2-3 години.
• Јадете лук – Лукот е познат за намалување на крвниот притисок, со што се намалува ризикот од срцев удар. Ако не сте љубител на лукот може да го замените со исхраната со лук. Дозата е најмалку 480 милиграми дневно, за да биде најефикасен.

Милиони жени се погодени од срцеви заболувања. Добрата вест е дека имате контрола дали да бидете една од овие жени.

Слични содржини