Малку луѓе сфаќаат колку е опасно се тоа. Не е само култура на однесување, туку безбедност

1469773488-dx300-29040

Во ерата на социјалните мрежи, многумина чувствуваат неодолива желба да ги покажат своите деца во својот профил, за да ги видат сите колку се симпатични, интелигентни, и колку се гордеат со нив. Но малку луѓе сфаќаат колку е опасно тоа.За безбедноста на децата AdMe.ru подготви листа од мерки кои можат да ви се сторат премногу, но можат да ги спречат ризиците. Тоа не значи дека треба да бидеме параноични и целосно да ги  скриеме своите деца. Не. Само бидете разумни и знајте  ги границите во оваа инстаграм ера.

Не споделувајте слики на полуголи деца, без разлика колку се мили и невини. За вас овие слики може да се мили и забава, но има доста болни мозоци кои не гледаат на работите со вашите очи.

Не споделувајте фотографии, од кои вашето дете еден ден ќе прснува во плач.Сигурно многумина имаат такви слики и се прашуваат зошто родителите им ги правеле. Во денешно време такви слики можат да се претворат во компромат.

Не пишувај податоци за локацијата на детето.

Не пишувајте податоци за локацијата на детето. Дали тоа е училиште, спортска сала или дружба . Некои индивидуи можат да ги користат информациите за погрешноте намери и лесно да ги пронајдат  патот и да стигнат до местото каде е детето.

Не споделувајте фотографии кои покажуваат вообичаено или хоби на детето. Знаејќи што сакаат и што сè ги привлекува, децата лесно можат да бидат измамени во различни ситуации.

Отстранете ги сите слики кои можат да поднесат официјална информација за детето. Оваа точка може да изгледа апсурдно, но има луѓе кои сакаат да се фалат на интернет со добиени визи, пасоши и други документи. Со целосното име или важен број на документ, може лесно да се разбере каде детето живее и учи.

Не пуштајте слики на децата во близина на автомобил. Оваа информација е важна и за безбедноста на родителите. Во прилог исто давате информации на криминалците.

Не објавувајте слики на детето со другите деца. Пред да испратите слика на вашето дете со негови другарчиња  разамислете дали родителите на овие деца се согласуваат на тоа.

Слични содржини